Сите релевантни анкети предвидуваат сигурна победа на Стево Пендаровски на претседателските избори и сериозна предност уште во првиот изборен круг, соопшти денеска СДСМ.
– Расте поддршката за Пендаровски кај граѓаните. Она што е многу важно е што поддршката за Стево е очигледна од сите етнички заедници. Концептот на Пендаровски и позитивната кампања посветена на визијата за напредокот, за сигурна иднина, членство во НАТО и ЕУ и подобар живот е препознаена од сите граѓани. Од едната страна е Пендаровски кој зборува за напредок, сигурна и стабилна иднина, за заедништво, од другата страна е Гордана Сиљановска која ги брани криминалите на Никола Груевски и зборува за враќање назад. Граѓаните не сакаат враќање назад, неизвесност и нестабилност, граѓаните сакаат иднина, сигурност и стабилност, сакаат напредок и затоа Стево Пендаровски е фаворит на овие избори. Одиме напред, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.