Како државотворна партија реализираме уште една стратешка цел – преговори и членство во ЕУ, истакнува владејачкиот СДСМ во денешното соопштение кое го објавуваме во целост:
Започнува ново поглавје од македонската историја. Република С. Македонија ги започнува преговорите за членство во Европската унија.
По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите со ЕУ.
Европската унија со одржувањето на првата меѓувладина конференција во Брисел ја отвори врата за нашата држава.
Веднаш по конференцијата, започна скриниг процесот за С. Македонија за усогласување на нашата правна рамка со ЕУ.
СДСМ како државотворна партија реализира уште една стратешка цел – преговори и членство во ЕУ со заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет.
Со приклучувањето кон големото европско семејство се отвораат нови перспективи за државата и за граѓаните, забрзан развој, просперитет и стабилност.
Имаме јасна визија за тоа каква држава сакаме да градиме и да оставиме на идните генерации.
Центар за односи со јавноста на СДСМ