Владејачкиот СДСМ и денеска лиферува „тазе соопштение“, кое веќе многу пати беше извртено уште минатиот месец. Партијата и денеска се фали со „историски подвиг“, удира на опозицијата како „црн ѓавол за сите неволји во Македонија“ и… Тоа се повторува секој ден, веројатно според принципот „стопати повтори лага, народот ќе ти поверува дека е вистина“.
И сега целото соопштение од Бихаќска што денеска и е сервирано како оброк на јавноста:
РС Македонија по 17 години во чекалната, ги започна преговорите за членство во Европската Унија.
Со првата меѓувладина седница и со скрининг процесот кој е во тек С. Македонија го отвори направи историски исчекор кон реализација на стратешката цел – членството во ЕУ.
Преговорите се водат на македонски јазик, со чиста формулација, без никакви фусноти и додавки, со заштитен македонски јазик и со историски прашања надвор од преговарачкиот процес.
Со тоа пропаднаа сите лаги за наводна асимилација и бугаризација, за загрозување на македонскиот идентитет што хистерично ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ.
Времето покажа дека сите такви лаги служеле единствено за да се попречи напредокот на државата и таа да се врати назад во изолација и неизвеснот.
Сега, потребно е сите да се вклучат во процесот на преговори, потребните реформи да бидат донесени за преговарачкиот процес да заврши што побрзо.
Македонската иднина е европска и неа не може никој да ја загрози.
Центар за односи со јавноста на СДСМ