Очајната ВМРО-ДПМНЕ ја прими пораката од над 15.000 граѓани вечерва и затоа е во паника, шири лажни вести преку човек кој изгубил на суд за изречена клевета, реагира денеска СДСМ во врска со фијаското на нивниот „марш за правда“.
– Прес конференцијата на Александар Николовски е уште еден доказ за очајот од поразот на извршителот Христијан Мицкоски кој не успеа да го одбрани криминалот на Никола Груевски. Денеска ВМРО-ДПМНЕ ја доби пораката од граѓаните кои се заложија за правда и одговорност за криминалите и затоа се во паника. Знаат во белиот дворец што ги чека, одговорност за нивниот криминал, за сето зло што го направија и нов пораз. Силен пораз, не на 12 април, уште денеска во ВМРО-ДПМНЕ знаат дека се веќе готови и ќе одговараат, тоа е комбинацијата којашто ги толчи. СДСМ работи а ВМРО-ДПМНЕ шири лаги. СДСМ носи закони за граѓаните, покачува плати, пензии, социјална помош, носи правда, членство во НАТО, на чекор сме до ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ е очајна и штанца лаги, дезинформации и конструкции, прво преку нивните медиуми а после и на прес конференции, кои немаат врска со реалноста, но со најниски напади, на семејството на претседателот Заев, се вели во реакцијата.
Затоа, се додава натаму, и го праќаат на прес-конференција Николовски, кој веќе изгуби на суд за изречена клевета.
– Не ВМРО-ДПМНЕ, ние бараме се што повикуваат веднаш да се објави јавно и транспарентно. Да ги видат граѓаните и уште еднаш пред целата јавност да се потврдат лагите на оваа очајна партија. Како што ќе се доближува 12 април и поразот на ВМРО-ДПМНЕ толку ќе бидат стравот и паниката кај извршителот Мицкоски, а лажните вести од белиот дворец ќе станат се поинтензивни. Но тоа е ваш проблем, ние продолжуваме напред, тие еден чекор назад, ние три чекори напред! Следува одговорност за сите што направиле зло, како и за оној ваш бегалец од Будимпешта, заради сите граѓани на Северна Македонија на кои им уништивте, им одземавте 11 години од нивните животи. Правда, за сите, се вели во соопштението од СДСМ.