Според партиски извори од СДСМ, нивните кандидати за градоначалници во Валандово, Дојран, Крива Паланка и Лозово веќе ја прославуваат својата победа во првиот изборен круг. Оттаму велат дека водството во Струмица, Ресен, Бутел и во Крушево е толку големо што е можно и таму да нема втор круг на избори, односно се да заврши со денешното гласање.