Економските политики на Владата на СДСМ даваат резултат, македонската економија станува атрактивна за сериозни, големи странски инвестиции, соопшти денеска владејачката партија, чие соопштение подолу го објавуваме во целост:

Во Технолошко индустриската развојна зона во Тетово ќе се изгради фабрика за производство на електрични автомобили, како прва од таков вид во нашата држава во која целосно ќе се произведува електричен автомобил.

Ова ќе значи отворање на нови работни места, воведување на нови технологии и знаења, зголемен извоз на производ со додадена вредност, како и ставање на С. Македонија на мапата на земји производители на електрични автомобили.

Оваа мултимилионска инвестиција на германската компанија НЕКСТ.Е.ГО МОБИЛЕе доказ дека економијата е стабилна и конкурентна, сигурна за сериозни странски инвеститори, што се должи на одговорните, ефикасни мерки и политики на Владата предводена од СДСМ.

Центар за односи со јавноста на СДСМ