СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев континуирано покажува вистинска грижа за граѓаните преку реализација на инфраструктурни проекти кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните и носат напредок и развој на општините.
Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, кое во продолжение го објавуваме во целост:
Како одговорна и домаќинска партија остануваме целосно посветени на градење современа инфраструктура во секоја општина, во секој град, секое село.
Само со СДСМ и „Најдоброто“ продолжува силниот тренд на раст на инвестициите во атмосферска канализација, како и реконструкција на улиците во општините, локалните и полски патишта, изградба на велосипедски патеки, како и поддршка на инфраструктурата неопходна за алтернативниот туризам и локалниот економски развој.
Како одговорна, социјалдемократска партија, комуналната инфраструктура останува најважниот фокус од нашето работење, а општините кои го носат најдоброто плански ќе ги зајакнуваат капацитетите на јавните градски претпријатија.
Водовод и канализација во секое населено место мора да има.
Асфалт наместо кал.
Чиста наместо загадена вода.
Хигиена наместо ѓубре.
Услуга за граѓаните наместо злоупотреба на парите на граѓаните.
Граѓаните на овие избори одлучуват кој инвестира во сегашноста, а кој го руши сработеното и враќа во минатото.
СДСМ инвестира во сегашноста и така ќе продолжи и во следните четири години.
Центар за односи со јавноста на СДСМ