Според партискиот штаб на СДСМ до 19 часот гласале над 14.500 граѓани, со што е исполнет потребниот цензус. Иако почнува процесот на броење на гласовите, штипските социјалдемократи тврдат дека нивниот кандидат, д-р Сашко Николов е новиот градоначалник на Штип.

-Честитам на граѓаните на Штип што кажаа не на притисокот и на немање став и смелост да се излезе пред граѓаните, изјави Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ.

Победа во Пласница прогласи и Али Ахмети:

„Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Али Јахоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда за волјата на граѓаните за поддршка на нашите политики за сите граѓани“, нашпиша Ахмети на ФБ профилот.