Со зголемување на платата на 18.000 денари, исполнивме уште едно ветување дадено пред граѓаните, истакнува во денешното соопштение владејачкиот СДСМ и најавува дека работат на обезбедување пари за поголем буџет и на пензионерите.
Во продолжение целото соопштение од СДСМ:
Веќе од мартовската плата, 80.000 работници ќе добиваат зголемени месечни примања за околу 45 евра.
Со последното зголемување, денес, минималната плата е двојно поголема отколку пред четири и пол години кога таа изнесуваше 8.800 денари.
Грижата за стандардот на граѓаните, останува врвен приоритет за СДСМ, за Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи.
Покрај растот на платите, следува и раст на пензиите. Веќе се работи на нова методологија која ќе обезбеди одржливо зголемување на сите пензии во државата, како и финансиски пакет за помош заради здравствената и енергетска криза.
Тоа ќе значи повеќе пари во домашните буџети на околу 330.000 пензионери.
СДСМ во изминатите години покажа дека е можно да платите и пензиите да растат со побрзо темпо, а при тоа да не се крати од важните капитални инвестиции.
И во време на криза, продолжуваме да инвестираме во заштита и унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Центар за односи со јавноста на СДСМ