Економијата расте, паѓа инфлацијата, растат платите и пензиите, продолжуваме со заштита и унапредување на животниот стандард на сите граѓани, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ.
Во продолжение целото соопштение од владејаќката партија:
Економските политики на СДСМ во време на глобални кризи, економска, енергетска и пост-ковид криза ја штитат економијата, како и животниот стандард на граѓаните.
Економијата расте и во време на криза, што се потврдува и со прогнозите на ММФ, за економски раст од 2,5 насто годинава и 3,2 проценти наредната година.
Невработеноста се намалува, паѓа инфлацијата, со мерките за гарантирани цени, се намалија и цените на огромен број прехранбени производи.
Истовремено растат платите и пензиите. Минималната плата од 8.800 денари во 2017 година е покачена на 20.175 денари, просечната плата, која во март 2017 година изнесуваше 22.445 денари сега е над 36.000 денари.
Просечната пензија е зголемена за 47 отсто, додека минималната пензија е покачена за 60 проценти.
СДСМ продолжува со мерките за поддршка на стопанството, како и за заштита и унапредување на животниот стандард за сите граѓани.
Центар за односи со јавноста на СДСМ