СДСМ го продолжува растот на платите и во 2024 година. Од месец март следува ново покачување на минималната плата и ќе биде 22.500 денари, соопшти денеска СДСМ.
Во продолжение целото соопштение од владејачката партија:
Во изминативе 6 години СДСМ ја зголеми минималната плата 4 пати. За само неколку години минималната плата порасна повеќе од двојно во однос на 2016 година.
Со праведни и успешни економски политики СДСМ успеа да ја зголеми и просечната плата на 39.000 денари, Просечната плата е за 300 евра повисока денес во однос на 2016 година.
Воведовме законски решенија, коишто содржат методологија за пораст врз основа на зголемувањето на трошоците за живот и зголемувањето на просечната плата.
СДСМ продолжува и натаму да го штити стандардот на граѓаните и да го вреднува трудот на работниците.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ