Клучните економски параметри покажуваат реално и вистинско придвижување на економијата, а се доказ за успешноста на развојните економски реформи на Владата предводена од СДСМ кои обезбедуваат повеќе пари за сите граѓани, соопшти денеска СДСМ.

– Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство за август 2019 година бележи раст од 9.8 отсто во однос на август минатата година. Реалните економски политики на Владата предводена од СДСМ овозможија растот на индустриското производство да биде постојан и да биде најголем во последните седум години. Покрај растот на индустриското производство, раздвижена е целата економија. Минималната плата се зголеми, а со Ребалансот на буџетот за 2019 година, предвидени се 400 милиони денари за субвенционирање на трошоците за социјално осигурување за компаниите кои ќе ги зголемата платите на своите работници до 6.000 денари, се вели во соопштението на СДСМ.

Партијата на власт „успесите на Владата“ ги смета за „историски во намалувањето на невработеноста“:

– Исто така со ребалансот обезбедени се и 200 милиони денари за активни политики и мерки за поддршка на вработувањето со цел да се намали невработеноста која благодарение на одговорното однесување на Владата предводена од СДСМ изнесува историски најниски 17.5 отсто. Ова се само дел од официјалните податоци кои ја потврдуваат успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ и заложбата за креирање и имплементирање на мерки кои овозможуваат економски раст, нови работни места, повисоки плати и повисок животен стандард за сите граѓани, соопштува СДСМ.

 

Зборот важи!

 

Центар за комуникации на СДСМ