СДСМ со одговорни мерки и политики го штити стандардот на граѓаните, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ.

Во продолжение целото соопштение од владејачката партија:

Со одлука на Владата предводена од СДСМ, цените на јајцата и домашниот ориз се замрзнуваат на ниво од 15 март.

Претходно беше замрзната цената на белиот и полубелиот леб, кој сега се продава за 33 денари.

Цените на млекото и на млечните производи се намалија за 10, а на тестенините за 15 проценти.

Мерките за намалување на цените на прехранбените производите даваат резултати, цените се намалуваат, повеќе пари остануваат во семејните буџети.

Во време на криза, никој не е оставен сам. СДСМ продолжува со вистинска грижа за стандардот на граѓаните.

Центар за односи со јавноста на СДСМ