СДСМ преку конкретни мерки и политики го штити и унапредува животниот стандард на граѓаните, во време на светска економска криза, соопшти денеска владејачката партија.
Во продолжение целото соопштение од СДСМ:
Усвоени се нови мерки за замрзнување на цените на хигиенските производи, со кои цената на тоалетната хартија, влажните марамчиња, пелените и влошките се намалува за 13 отсто.
Претходно цената на белиот и полубелиот леб од 450 грама беше замрзната на 33 денари.
Млекото и млечните производи се поевтини за 10, а тестенините за 15 проценти.
Максималните цени на јајцата и оризот се утврдени на цената од 15 март оваа година.
Се прават пресметки за намалување и замрзнување на цените на дел од овошјето и зеленчукот.
СДСМ продолжува со грижата за сите граѓани, со реализација на мерки кои ги намалуваат трошоците на семејствата.
Центар за односи со јавноста на СДСМ