Владејачкиот СДСМ и по пет години владеење, со двајца свои премиери, се уште јавноста ја заплашува со поранешниот премиер Никола Груевски, кого „судството во нашата држава“, како и СДСМ, го осуди со затвор и продолжува да му суди од „шлаканиците за Жерновски“ до „тенкот на СЈО“, односно „мерцедесот за амбулантни возила“ со кој функционерите на оваа власт се уште се развозуваат.

Секогаш кога СДСМ за нешто нема решение, виновен им е Груевски, режимот на Груевски, духот на Груевски… За СДСМ, за се е Груевски виновен… Но, еве преку секојдневните соопштенија од Бихаќска, јавноста сама нека пресуди за вината на Груевски и невиноста на СДСМ откако дојдоа на власт до денес.

Соопштенијата на СДСМ ги објавуваме во оригинал и во целост:

СДСМ нема да дозволи блокадите нарачани од Груевски да ја закочат државата

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски најавува нови засилени блокади во време на најголемата економска и енергетска криза по втората светска војна, кога Собранието треба да носи брзи и ефикасни решенија за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски го блокираат Собранието заради лични и партиски интереси на штета на граѓаните и државата.

Законот за Клиничкиот центар, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијта се само дел од законите во интерес на граѓаните кои ВМРО-ДПМНЕ ги блокира во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ се противеше на покачувањето на минималната плата, се противеше и на воведување поврат на ДДВ за физички лица, беше против петтиот пакет финансиска помош за граѓаните и компаниите, блокираше средства од Светската банка за борба против пандемијата.

Мицкоски никогаш не се интересирал за кој било проблем на граѓаните, посветен е само на партиската фотелја во ВМРО-ДПМНЕ и својата политичка агенда.

Со најавите за засилени блокади, Мицкоски не го блокира СДСМ ниту Владата. Со ваквото деструктивно однесување Мицкоски нанесува штета единствено на граѓаните.

СДСМ како одговорна, државотворна партија, нема да дозволи уцените и деструкциите на Мицкоски да нанесат штета врз државата и граѓаните.

Фарса седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ со штетни одлуки нарачани од Никола Груевски

Соопштение за јавност

Се потврди дека седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е најобична фарса. Штетните одлуки за новите блокади се нарачка од Никола Груевски а Христијан Мицкоски само ги спроведува.

Во време на најголема енергетска и економска криза после Втората светка војна, кога Собранието треба да носи ефикасни одлуки за граѓаните Мицкоски спроведува нови блокади.

Наместо да ги деблокира законите кои подолго време ги кочи во Собранието, како Законот за Клинички центар, Законот за наставници и стручни сорабтници во основните и средните училишта, Законот за службата во Армијата, криминалната ВМРО-ДПМНЕ се посвети на нови деструкции.

Граѓаните ја гледаат разликата, СДСМ прави се и успешно ја менаџира најголемата енергетска и финансиска криза, го штити стандардот на граѓаните и компаниите.

Од друга страна е Мицкоски со неговите деструкции, блокади, закани, насилство, апсолутно незаинтересиран за било кој реален проблем на граѓаните.

Штетните одлуки на криминалната ВМРО-ДПМНЕ не носат штета ниту на СДСМ ниту на Владата, нивната деструкција е единствено на штета на граѓаните и државата.

Со сите демократски и разумни методи СДСМ и парламентарното мнозинство ќе се спротивстави на блокадите и обидите за вештачки кризи заради лични и партиски интереси на Мицкоски.

СДСМ е одговорна партија и по секоја цена со сите, разумни општествени партнери ќе ги надмине блокадите на Мицкоски и криминалната ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски дејствува по наредба на Груевски, седницата на Извршен комитет е чиста фарса

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски во време кога државата како и целиот континент се соочува со економска и енергетска криза, наместо да понуди конструктивност, најавува нови засилени блокади.

Очигледно е дека Мицкоски дејствува по наредба на неговиот шеф во Будимпешта, Никола Груевски, како што е очигледно дека ваквото засилено деструктивно однесување доаѓа само десеттина денови по објавената Црна листа на САД каде се најде и Груевски.

Седницата на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ закажана за вечерва е обична фарса.

Одлуката е веќе донесена, нарачана е од Груевски, а Мицкоски со своите соработници само ќе ја спроведе.