Денес Владата предводена од СДСМ и надлежните институции покажуваат вистинска грижа за младите, и се решаваат проблемите што ги остави ВМРО-ДППМНЕ, се вели во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ за хоророт во студентските домови во Скопје.
– ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги игнорираше младите, а сега сериозно се инвестира во подобри услови во студентските домови. ВМРО-ДПМНЕ денес лицемерно глуми загриженост и шири лажни вести. Наместо да изгради студентски дом, изгради скапоцен дворец за партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ во време кога студентите живееја во недостојни услови, а младите масовно се иселуваа заради бесперспективност. Студентските домови ВМРО-ДМНЕ ги остави во голема катастрофа, во огромни долгови. Таквиот игнорантски однос кон младите заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, а последиците од тоа се уште се чувствуваат, се вели во соопштението.
Владата предводена од СДСМ, се додава натаму, покажува вистинска грижа за младите.
– Вратени се долговите на студентските домови. Во делот на подобрување на условите за сместување на студентите целосно се реконструирани блоковите В и Г од студентскиот дом Гоце Делчев. Во тек е комплетно опремување со мебел и сите придружни елементи. По повеќе од 40 години се унапредува системот на греење во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу и обезбедено е ефикасно, еколошко греење за студентите, во склад со планот за чист воздух. Во студентскиот дом Стив Наумов инсталирани се нови елементи на дел од водоводната, парноводна и електрична мрежа. Потребно е уште работа тоа се знае. Затоа студентскиот дом Стив Наумов е следен за обновување. Истовремено, продолжува спроведување на сериозни младински политики кои го подобруваат животниот стандард. Преку Гаранцијата за млади што годинава се спроведува на целата територија на државата илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување, а со проектот „Младинска картичка“ ќе се намалат трошоците за живот на младите за транспорт, едукација, култура и спортување, се вели во соопштението на СДСМ.