Антизападната ВМРО-ДПМНЕ стана база за постојано ширење лажни вести, партизацијата на институциите заврши, секој има еднакви можности за работа, соопшти денеска СДСМ.
– Скапоцениот бел дворец на ВМРО-ДПМНЕ освен симбол на криминал, корупција и антизападна политика, стана и база за секојдневно ширење на лажни вести. Партизацијата на институциите и нивната брутална злоупотреба беше одлика на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и тоа време заврши, се вели во соопштението.
Денес, додаваат од СДСМ, институциите се професионализираат и работата во интерес на граѓаните.
– Сите вработувања се согласно план, потреба и програма на самата институција, а за сите кандидати важат еднакви услови и критериуми. Секој има еднакви можности за работа. Мерките на Владата обезбедуваат пред се професионални и независни институции. Се враќа достоинството на професиите, се зголемуваат платите, се креира здрава работна средина која ќе овозможи задоволни корисници и граѓани. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот што Македонија конечно тргна напред, што невработеноста се намалува, платите растат, а економијата се движи во добар правец и затоа не престанува со ширењето лажни вести, се вели во соопштението од СДСМ.