СДСМ и ДУИ се обврзале да предложат чесни, одговорни и способни кадри за нов четиригодишен мандат на новата влада, соопштија од СДСМ.
– Двете партии се обврзаа да предложат соодветни, подготвени, чесни и способни кадри кои ќе ја реализираат програмата во целост за време на полн четиригодишен мандат. Партиските органи, партиските секретари и портпароли веднаш ќе ја известат јавноста за сите нови моменти во преговорите и ги замолуваат јавноста и медиумите да не ги земаат предвид шпекулациите. Учесниците во преговорите се свесни и во целост ја разбираат итноста и потребата за постизборна консолидација на институциите и очекуваат дека во следните денови ќе биде постигнат конечен договор, се вели во соопштението на СДСМ.
Убава вест, но тоа изнудува прашање: Ако договоротизбор на чесни, одговорни и способни кадри, какви беа досегашните, бидејќи истите партии се на власт и во изминатиот мандат.