Анкетата на Брима е вистинска потврда дека граѓаните ги препознаваат одговорните, државнички политики на СДСМ предводена од претседателот Зоран Заев, се истакнува во денешното соопштение на владејачкиот СДСМ во врска со резултатите од анкета која владејачката партија си ја откупила за свои потреби.

Соопштението на СДСМ, во кое вообичаено „СДСМ се најдобри, а опозицијата не чини“ го објавуваме во целост:

СДСМ има стабилно водство пред ВМРО-ДПМНЕ, а коалицијата „Можеме“ има значително водство, кое бележи постојан растеж.

Истовремено, претседателот Зоран Заев ја има убедливо најголемата доверба од граѓаните, токму со храбрите, визионерски и државнички одлуки.

Претседателот Заев има двојно поголем рејтинг од Христијан Мицкоски.

Од друга страна, оваа анкета истовремено покажа дека граѓаните не ги поддржуваат деструктивните, погубни политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи граѓаните знаат дека тој нема капацитет да донесе промена, знаат дека тој не може да си ја реформира ниту сопствената партија.

На граѓаните им е јасно дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да ги враќаат парите назад, затоа што тие 11 години грабаа од граѓаните, а како опозиција беа против секоја мерка која носеше повеќе пари за семејствата.

Затоа на претстојните избори ВМРО-ДПМНЕ го очекува нов, силен пораз од граѓаните.

Центар за односи со јавноста на СДСМ