Пропаднаа обвинувањата, лагите и спиновите кои доаѓаа од белиот дворец, за наводни договори со власта за бегството на Сашо Мијалков.

Ова се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, во врска со „случајот Мијалков“, за кој 63,4 проценти од граѓаните во Македонија кои биле анкетирани од Институтот за стратегии, истражувања и анализи СИА ВИСТА веруваат дека постои цврт договор меѓу Зоран Заев и Сашо Мијалков. Го пренесуваме целото соопштение од СДСМ?

Единствена вистина е договор помеѓу Мицкоски и Мијалков, аминуван од осудениот криминалец, Никола Груевски, за спас на криминалното ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ води грчевита борба за опстанок кога во државата се создаваат услови за правда.

Граѓаните точно знаат дека бегството на Мијалков најмногу им одговараше на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ.

Извршената правда врз поранешниот шеф на УБК, е директен пораз за остатоците на режимот, за Христијан Мицкоски и врвот на партијата, како единствени кои се на браникот на криминалот и кои работат против правдата и владеење на правото.

Затоа се казнети од граѓаните и од правдата и уште долго ќе останат во опозиција.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ