Со СДСМ растат платите во сите сектори, а работниците и граѓаните добиваат повеќе, истакна на денешната прес-конференција Миле Талески, пратеник на СДСМ.
Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата:
Просечната плата СДСМ ја покачи на 39.000 денари, што се 630 евра.
СДСМ просечната плата ја покачи за 270 евра во однос на 2016 година и времето на ДПМНЕ кога изнесуваше едвај 360 евра.
Со СДСМ 630 евра, со ДПМНЕ само 360 евра. Тоа е повеќе за сите.
СДСМ ги покачи платите во сите сектори.
За вработените во МВР СДСМ ги зголемени платите за 35 проценти. Дополнително исплатени се 6 бонус плати за одработени прекувремени работни часови.
Ова значи вистинска грижа за вработените во полицијата и подобрување на социјалниот статус на полицијата, на дело.
Денес, од 2020 година наваму, има воспоставено редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор. И сите бонус плати навремено се исплаќаат.
А до 2016 не беа исплаќани и вработените ги наплаќаа по судски пат, што беше и малтретирање на вработените во полицијата и значеше оштетувања на државниот Буџет.
Во одбраната, професионален војник во време на ДПМНЕ во 2016 година примал 21.933 денари плата.
Со СДСМ, во 2022 година месечните приходи на војниците драстично се зголемуваат, особено со законското решение на исплата на месечна станарина за сите – и изнесуваат над 36.000 денари!
Од 2023 година, професионален војник добива уште поголем месечен приход, вкупно 45.979 денари, односно плата од 35.015 денари, плус скоро 11.000 денари за станарина.
Значи 22.000 денари во време на ДПМНЕ и 46.000 денари во време на СДСМ, има разлика тоа се 110% зголемување.
Платите на НАТО единицата во 2023 се скоро 54.000 денари за професионален војник, и повеќе за повисоките чинови.
Ова е повеќе за сите. Ова значат плати на држава членка на НАТО Алијансата. Над 100 проценти зголемени месечни приходи.
Со СДСМ продолжува растот на платите и пензиите во сите сектори.
Центар за односи со јавноста на СДСМ