Не Мицкоски, туку Груевски е виновен за бојкотот на пописот, објави вечерва владејачкиот СДСМ, кој и по два мандата на власт, се уште се потресува од „режимот на Груевски“.

-Ставовите на криминалецот во бегство Никола Груевски потврдуваат дека зад бојкотот, зад саботажата на пописот стои лично Груевски, а Христијан Мицкоски е само негов извршител. Уште еднаш се покажа дека ВМРО-ДПМНЕ е раководена од Будимпешта, а Мицкоски е само чувар на фотелјата во белиот дворец. ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мицкоски се уште е во режимската матрица, се уште работи против интересите на граѓаните и државата, соопштија вечерва од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Дали овие сознанија за „виновникот за бојкотот“ ги темелат на истите „факти“ со кои нивниот лидер Зоран Заев, тврдеше дека „режимот на Груевски“ е виновен за Монструм, за Диво насеље, за смртта на Мартин Нешковски, за смртта на Никола Младенов, за смртта на малата Тамара…

И дали Груевски е виновен и за ширењето лажни вести од авион дека Македонија доби датум од ЕУ?

Кој тоа шири лажни вести, преку сооопштенија, во Македонија и кои се „демократските филтри на лажни вести“ кои и оваа вест, како и многу други, „демократски ќе ја исфилтрираат“?