Владејачката партија СДСМ и во денешното сооопштение не соопштува ништо ново, туку истите рефрени од нивната стара песна за ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски.
– Христијан Мицкоски денеска уште еднаш потврди дека е против НАТО, против ЕУ, против напредок и интеграција. Најавите дека ќе го поништел Договорот од Преспа е директна закана за нашето членство во НАТО, затоа што Договорот беше последниот клучен услов за наше членство во Алијансата. Мицкоски отворено зборува дека работи против НАТО, против стратешките цели на државата и нејзините граѓани. Тој и ВМРО-ДПМНЕ се најголемата закана за државните и националните интереси. Следејќи ги насоките од Будимпешта од неговиот ментор Никола Груевски, Мицкоски најавува враќање назад во изолација, во режим и неизвесност. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, а со таква понуда не може да очекува ништо освен нов убедлив пораз на 12 април. Граѓаните нема да дозволат враќање назад во режим и изолација и одново ќе го поразат антидржавното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, се вели во денешното соопштение од Центарот за комуникации на СДСМ