Денеска одбележуваме две години од членството во НАТО, се истакнува воденешното соопштение од СДСМ.
Го објавуваме целото соопштение од владејачката партија:
Со членството во НАТО остваривме една од двете стратешки цели поставени уште од денот на независноста.
Воената агресија врз Украина и загрозување на нејзиниот суверенитет, ни покажа колку лесно безбедноста и сигурноста можат да бидат загрозени.
Во овие трагични моменти јасно гледаме дека мирот и спокојот на граѓаните, сигурноста која ја обезбедивме со НАТО нема цена.
Нашите граѓани се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз на светот.