ВМРО-ДПМНЕ не може да престане да шири лажни вести и невистини во обид да спечали некој политички поен, се наведува во реакцијата на СДСМ на прес-конференцијата на Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски изнесе низа лаги и невистини за работата на Јавното претпријатие „Водовод и Канализација”.

Вистината е дека ниту еднаш за изминатите четири години директорот не користел средства за ресторантски услуги и кафе, за службен телефон и набавка на скапи мобилни телефони.

За работата на ЈП „Водовод и канализација” постоја и ревизорски извештаи од страна на надворешни независни ревизорски куќи каде не се констатирани никакви неправилности во финансиското работење.

Очигледно е дека денешните изнесени лаги на Стоилковски се дел на внатрепартиската пресметка за избор на директор на ова јавно претпријатие.