Кога не се радува на смртта на граѓани, ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести и невистини во очај за ситни политички поени, се вели во денешното соопштение од СДСМ.
Во продолжение целото соопштение од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ упорно не може да се помири што веќе трета година парите на граѓаните не завршуваат во белиот дворец туку се враќаат во економијата и во семејните буџети.
Официјални податоци ги демантираат сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ предводена од некрофилот Христијан Мицкоски.
А тие официјални податоци говорат дека за разлика од 9.000 денари во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, денес просечната плата изнесува 14.500 денари, еднаква за сите индустрии.
Здравствените работници денес добиваат плати поголеми за 40 отсто споредбено со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, сериозно се зголемени и платите во образованието, детската и социјалната заштита.
Стапката на невработеност денес е 16,7 што е далеку помалку од 22.1 отсто во 2017 година.
Над 320.000 пензионери денес добиваат пензија во просек повисока за 1.700 денари, над 12.000 стечајни работници добија месечен надоместок од 8.000 денари, а над 6.600 возрасни граѓани кои не исполнуваа услов за пензионирање, денес добиваат државна социјална пензија.
За справување со економските последици Владата предводена од СДСМ реализира четири пакети антикризни мерки, последниот со вредност од 470 милиони евра, пари со кои ќе се поддржат семејствата и стопанските дејности кои се погодени од кризата со коронавирусот.
Јасно е дека ова е несфатливо за ВМРО-ДПМНЕ, тие знаат само да грабаат од граѓаните, парите од Буџетот да одат во нивниот луксузен бел дворец. Затоа се таму каде што се и затоа ќе останат уште долго во опозиција.