Владејачкиот СДСМ и денеска ја „импресионира“ јавноста со „големиот триумф“ во Центар Жупа, каде што од вкупно еден кандидат победи нивниот, како и од „големата победа“ во Маврово – Ростуше.
Во продолжение целото соопштение од владејачката партија:
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се соочија со дебалк на изборите на кои беше поразен и член на нивниот ИК
ВМРО-ДПМНЕ не можат да се свестат од шамарот што го добија од граѓаните на вонредните локални избори и се обидуваат поразот да го претстават како победа.
Резултатот од изборите е јасен. Двојна победа на СДСМ и коалицијата на изборите за градоначалник во двете општини Центар Жупа и Маврово Ростуше, како и драматичен пад, за над 50 отсто на гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
За да биде дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ уште поголем, поразен беше нивниот кандидат за градоначалник на Маврово Ростуше, кој воедно е член на Извршниот комитет на партијата.
Мицкоски никаде го нема, по фијаското на првото изборно соочување со СДСМ, откако на чело на партијата е Димитар Ковачевски.
Двојната победа на СДСМ и коалицијата предводена од Ковачевски покажа дека ВМРО-ДПМНЕ немаат поддршка од граѓаните, но тие изгледа си живеат во илузијата на нивните нарачани анкети и не знаат како да се соочат со реалноста и со фактите.
Центар за односи со јавноста на СДСМ