Партијата која втор мандат е на власт, на чело со нејзиниот лидер Зоран Заев, ветуваше и излажа за: 500 евра плата, за неменување на Уставот, на уставното име на Република Македонија, за добиен датум од ЕУ во авион од Брисел кон Скопје, за масовна вакцинација од лани која почна неодамна, за… Уште безброј лаги спакувани како вистина и пуштени во јавна „продажба“ преку „релевантните мејнстрим“ владини, провладини и други медиуми.

Но, кога ќе биде откриена нова афера, од безброј досега, тогаш „опозицијата лаже“, а опозицискиот лидер е „докажан извор на лажни вести“. Таква е и денешната СДСМ-конструкција која преку соопштение до јавноста и се продава како вистина.

Јавноста заслужува да спореди како се лаже и кој е вистинскиот вруток на лаги. Еве го врутокот на денешната „вистина“ од седиштето на СДСМ:

Христијан Мицкоски до толку се внесе во улогата на докажан извор на лажни вести што веќе и не пропушта прилика да излаже, да пласира шпекулации кои немаат врска со реалноста.

Немајќи што конструктивно да понуди Мицкоски мора да измислува, да рециклира стари лаги, да извртува факти и да конструира измислици.

Штом отвори уста, Мицкоски лаже-суши и на јавни настапи но и на мрачни затскирени брифинзи далеку од очите на јавноста која одамна не верува во неговите лаги.

Нема лице ни пред камери да излезе, за народот да не му ја види пропаднатата лага. Впрочем ниту самиот веќе не си верува на сопствените лаги што секојдневно ги пласира во јавноста

Политичар кој наместо конструктивност, блокира и кочи, кој наместо факти пласира шпекулации и лаги е политичар осуден на пораз.

Ако Мицкоски мисли дека со штанцање лаги и измислици ќе го прикрие своето деструктивно однесување на штета на граѓаните, тешко се излажал.

Граѓаните одново ќе го казнат и за блокадите и за деструкциите, и за одбраната на криминалот, и за дејстувањето спротивно на државните интереси, но ќе го казнат за сите лаги кои му пропаѓаат како кула од карти.

Центар за односи со јавноста на СДСМ