СДСМ и граѓаните се посветени на европската иднина а ВМРО-ДПМНЕ на одбрана на криминалот, граѓаните избираат иднина
ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со тоа што нивните вистински намери се откриени.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана само на одбрана на криминалот што 11 години го спроведуваше поранешната врхушка на оваа партија. ВМРО-ДПМНЕ не мисли ниту на иднината на државата ниту на граѓаните.
Вистината што ја објави вицепремиерката и заменик претседателка на СДСМ, Радмила Шекеринска, е дека 90 проценти од времето на лидерски средби било потрошено на барањето на ВМРО ДПМНЕ за амнестија.
Единствениот интерес на ВМРО-ДПМНЕ на лидерските средби не била македонската иднина, туку судбината на криминалците коишто 11 години дивееа, злоупотребуваа, прибираа се што можеше да приберат, а граѓаните ги оставија осиромашени, во изолирана и задолжена држава.
Сите прогресивни сили, сите политички субјекти кои се за македонската иднина се одлучни и обединети да се обезбеди македонската иднина, преку членство во НАТО и ЕУ со зајакнат идентитет.
Само Мицкоски и тесното партиско раководство на ВМРО-ДПМНЕ сакаат назад во темното минато на криминал, насилство, неказнивост и изолација.
Амнестија за криминалците нема да има, секој ќе одговара согласно законите.
Македонија чекори напред како нормална, демократска, напредна земја во која правилата важат за сите подеднакво.
Без разлика на неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Македонија, на референдумот на 30-ти септември, ќе ја искористат историската шанса за напредок.
Никој нема да ја закочи македонската иднина.
Центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија