Опозицијата не може да се помири со успесите на МВР и полицијата, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат идеја, немаат програма, ниту политичка понуда, реагира со соопштение владејачката партија на денешните изјави од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за криминалот, тероризирање на граѓаните од лица блиски до власта и нерасветлени убиства и тепачки во Македонија.
– Затоа од информации кои веќе се објавени во билтените на МВР се обидуваат да манипулира, со случаи за кои веќе полицијата постапува и се во фаза на разрешување. Времето кога МВР беше продолжена рака на груевизмот и наместо да гони криминалслужеше за одмазди, закани и заташкување на кривични дела на ВМРО-ДПМНЕ заврши. МВР денеска работи професионално, одговорно и во интерес на граѓаните. Токму затоа 75 отсто од граѓаните се чувствуваат безбедно. МВР работи во интерес на граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ нека смисли друг начин да го привлекува вниманието, нека даде макар еден предлог, план или идеја, соопшти СДСМ
Реакцијата на СДСМ следи по денешното објавување на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски, кој изјави дека „син на виш полициски советник на Оливер Спасовски во угостителски објект во скопско Марино избоде полициски службеник, кој во моментот кога бил однесен бил во животно загрозувачка состојба“.