Се тресеше гората во Белата палата и на крајот ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри, се вели во денешната реакција на владејачкиот СДСМ за предложените кандидати за министри и дополнителни заменици од опозицијата во техничката влада.

Во продолжение целото соопштение од СДСМ:

Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се кадри од времето на Никола Груевски за кои има поднесено кривични пријави, дел се поранешни функционери во град Скопје, но ниту еден нема зад себе ниту еден резултат.

Очигледно драмите околу техничката влада од страна на ДПМНЕ, прво дека нема да учествуваат, потоа дека нема потреба, па дека ќе учествуаат но нема да гласаат се должат на личните хирови на Мицкоски и немањето кадровски потенцијал на опозицијата.

ДПМНЕ нема никаква програмска понуда а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.

Овие 100 дена на ДПМНЕ во техничката Влада ќе бидат единствената можност да бидат на власт и тоа само заради подготовка на изборниот процес, а потоа ќе се вратат назад во опозиција уште 4 години.

СДСМ