Извршниот одбор на СДСМ доцна синоќа утврди уште неколку нови кандидати за градоначалници, кои, како што се наведува во партиското соопштение, ќе бидат објавени во текот на денешниот ден.
– Сите утврдени кандидати се дел од најдобрата понуда на СДСМ за локалните избори. Како што веќе најави, СДСМ во фази ја објавува победничка понуда со која излегува пред граѓаните како фаворит на локалните избори, се вели во кусото соопштение издадено по седницата на Извршниот одбор на владејачката партија.