Владејачкиот СДСМ потрошил 16.000 евра за 25-те билборди кои ги нарача против претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како „поддршка“ на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која на изборите беше поддржана токму од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ за Фокус велат дека за плаќање на билбордите не користеле буџетски пари, кои им следуваат на партиите, туку ги платиле од некои други нивни извори.