За 7 години само за 9 отсто е зголемена вредноста на синдикалната кошница, поради повисоки цени, а минималната плата за истиот период е зголемена за 100 отсто, се нагласува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ.
Во продолжение целото соопштение:
Денеска во македонското Собрание на дневен ред се измените на Законот за минимална плата предложен од Владата предводена од СДСМ.
Минималната плата се зголемува од 15.200 на 18.000 денари, што значи над 80.000 работници ќе добиваат по 45 евра повеќе секој месец.
Тоа е двојно поголема минимална плата во споредба со времето на ВМРО-ДПМНЕ кога изнесуваше 8.800 денари.
Официјалните податоци покажуваат дека во 2014, вредноста на синдикалната кошница изнесувала 32.133 денари. Во декември 2021 синдикалната кошница изнесувала 35.042 денари.
Тоа значи дека за 9 отсто е зголемена вредноста на синдикалната кошница за седум години, поради повисоки цени, а минималната плата за истиот период е зголемена за 100%.
СДСМ е на страната на работниците и го подобрува животниот стандард на граѓаните, на работниците.
Центар за односи со јавноста на СДСМ