Одлуката на пратеникот Павле Трајанов и неговиот Демократски сојуз да одат во опозивија, во суштина ништо не менува, соопшти денеска владејачкиот СДСМ за својот досегашен партнер во власта.

Во продолжение целото соопштение од СДСМ:

Одлуката на Демократскиот сојуз да премине во опозиција во суштина не менува ништо, владината коалицијата и парламентарно мнозинство се силни и стабилни и успешно ќе може да продолжат да ги носат важните закони во Собранието за реформите во економијата и за европскиот пат на државата.

Во текот на вчерашниот ден беа усвоени Законите за Иницијативата Отворен Балкан и Договорот со ФРОНТЕКС, од интерес на сите граѓани.Добро е што Демократскиот сојуз и пратеникот Павле Трајанов и понатаму го поддржуваат европскиот пат на државата.

Ова е важно за иднината на нашата земја.СДСМ и владејачкото мнозинство е отворено за соработка и со други партии и пратеници кои се за продолжување на европскиот пат.

Уверени сме дека има и пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои што се подготвени да се ослободат од заложничката ситуација во која ги сместија (Димитар) Апасиев и (Христијан) Мицкоски.

Центар за односи со јавноста на СДСМ