Откако темата за парламентарни избори е затворена до 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспита своето однесување и да се откаже од натамошни блокади и опструкции.
Ова се порачува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, кое во продолжение го објавуваме во целост:
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да покажат одговорност и конструктивност, законските решенија за граѓаните и помош во време на криза да бидат усвоени.
ВМРО-ДПМНЕ сега треба да покаже конструктивност, да почне да работи за интересите на граѓаните, наместо за личните амбиции на Мицкоски.
Во време на глобална криза, насекаде низ светот опозицијата и власта заедно работат во интерес на граѓаните, само ВМРО-ДПМНЕ блокира, кочи и опструира.
Граѓаните во овој чувствителен период од сите политички субјекти со право очекуваат одговорност, работа и посветеност во надминување на последиците од глобалната криза.
Оваа порака граѓаните ја испратија директно на ВМРО-ДПМНЕ и на Христијан Мицкоски со дебаклот на митингот и слабиот одѕив.
ВМРО-ДПМНЕ да ја прими пораката и да почне да работи во интерес на граѓаните и на државата.
Центар за односи со јавноста на СДСМ