Државните и партиски функционери продолжуваат со величење на потпишувањето на договорот со Фронтекс на македонски јазик.

Тоа го издигнаа на рамниште како првпат да прозборуваме и пишуваме на македонски јазик или во најмала рака како некој од нивните функционери да го „измислил“ македонскиот јазик.

Денеска СДСМ објави и специјално соопштение по тој повод, кое го пренесуваме во целост:

Договорот со Фронтекс е потпишан на македонски јазик, без додавки, забелешки и фусноти, како прв договор со ЕУ по облокирањето на процесот на евроинтеграцијата на државата и започнување на преговорите со ЕУ.

Ова е упех на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, на Владата, на државата и на сите граѓани.

Со ова целосно се потврдува македонскиот јазик во ЕУ и се издигнува на исто рамниште со сите јазици во Унијата.

По 17 години чекање, започнати се преговорите за членство во ЕУ, во тек е скринигот. Македонскиот јазик е заштитен и потврден.

Нашата иднина е европска, друга алтернативна нема.

Центар за односи со јавноста на СДСМ