Владата, институциите, на чело со премиерот Зоран Заев со сите сили се борат за интересите на татковината, додека ВМРО-ДПМНЕ седи на страна, одмага и навива против интересите на граѓаните и на државата, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ.
-Ова граѓаните го гледаат секој ден. Немаат став за ниту едно важно прашање, опструираат и блокираат. С. Македонија ги исполни сите критериуми и стандарди за почеток на преговорите и добива силна меѓународна поддршка. На ред е ЕУ да го испорача она што го заслужуваме, а тоа е да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно поскоро. Наместо да се приклучат со поддршка во ВМРО ДПМНЕ се молат и прават сé Република С. Македонија да не успее. Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ не нуди ништо друго, освен обнова на режимот, заштита на криминалот и корупцијата и продавање на лажен патриотизам, затоа шест пати по ред ги поразуваат на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција, се вели во соопштението од СДСМ.