Мицкоски ги продава македонските национални интереси, а кај Орбан отиде за да договара враќање на Никола Груевски и уривање на правниот систем – се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално.

Му ги исполни сите ветувања, му се оддолжи на Орбан што го чува Груевски, нè задолжи 1 милијарда евра, обезбеди влез на 4iG во телекомникациите, следува влез на ќерка фирма на унгарската Status Energy KFT во енергетиката.

Го расчисти патот во ВМРО-ОКГ и ги смени сите потпретседатели. Ја презеде контролата над судството и Обвинителството, водеше кампања против предметите на СЈО за рушење на пресудите на Груевски и создавање терен за ослободување на криминалната структура од одговорност.

Политичката сцена во Унгарија се менува и поддршката за Виктор Орбан драматично опаѓа по серијата криминални скандали и антиевропските политики со кои одработува за Русија.

Дури и од своите поддржувачи Орбан беше исвиркан на митинг.

Што ќе се случува по падот на Орбан е клучно прашање за предавникот Мицкоски, Орбан и Груевски заедно.

Што ќе се случи со 40 % од медиумите во Македонија, кои преку Орбан се ставени во служба и контрола на ВМРО-ОКГ?

Што ќе биде со бизнисите на Орбан во Македонија, кои Мицкоски му ги озоможи – во енергетиката и телекомуникациите, вклучително и интересите на компаниите како 4iG?

Конечно, што ќе се случува со самиот Орбан?

Обвинувањата за корупција во Унгарија се сериозни.

Дали може да очекуваме и Орбан да дојде во Македонија заедно со Груевски

Фото: архива