СДСМ и Владата предводена од премиерот Заев продолжува со политиките кои значат вистинската грижа за земјоделците, во секој момент, особено кога поддршката од државата им е најпотребна.
Ова беше истакнато на денешната прес-конференција, што ја одржа Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ. Интегрално го пренесуваме текстот од прес-конференцијата:
СДСМ и Владата предводена од премиерот Заев продолжува со политиките кои значат вистинската грижа за земјоделците, во секој момент, особено кога поддршката од државата им е најпотребна.
На сметките на речиси 12.000 земјоделци исплатени се околу 10 милиони евра субвенции.
Исплатени се субвенциите за фармерите кои имаат обележани грла говеда, кози, а пари на сметките имаат и сите фармери кои задржале женско јагне.
На сметките на тутунопроизводителите исплатени се 11,4 милиони денари за произведен и предаден тутун од реколта 2020.
Нашата политика на навремена и неселективна исплата на субвенции продолжува, во интерес на секој земјоделец.
Досега веќе се исплатени 5,5 милијарди денари, заедно со усвоениот ребаланс а со заокружување на овие исплати во 2021 година се очекува да се исплатат рекордни 115 милиони евра за над 66.000 земјоделци.
Во наредните денови се очекува да се исплатат субвенциите и преостанатите субвенции.
Државата е тука за земјоделците, грижата за нив останува во фокусот на Владата предводена од СДСМ.
Земјоделците се наш партнер.
Создаваме услови за раст и развој на агро – секторот, за земјоделците да продолжат да произведуваат квалитетни производи.