Наскоро во регионот почнува бербата на винско грозје и а само на компанијата Плантажа ќе и требаат околу 800 работници.

За сите работници кои доаѓаат од страна се обезбедни сместување и храна, а заработката е солидна, вели Симо Болјевиќ, координатор во виноградарското-овоштарско производство.

Работник на Чемовско поле дневно може да заработи до 30 евра, па и повеќе.

-Кога се работи за грозјето, просечен работник може да набере 60 до 70 гајби. Во гајба се собираат седум килограми грозје и таа се плаќа по 40 центи, така да просечната заработка е од 25 до 30 евра, иако некои работници берат и повеќе, вели тој.

Бојан Бубањ, сезонски берач на грозје од Црна Гора, вели дека оваа работа ја работи 10 години и дека дневно заработува до 25 евра.

„Во просек берам 40 гајби, но ако е добар денот и му пслуќи на расположението, можам да наберам и до 60 гајби грозје, тоа пак е 25 евра, што не е лоша заработка. Малку ни пречат горештините, но навикнавме. Имаме сместување и два оброка, така да немам забелешки на условите“, вели тој.

На „Плантажа“ веќе берат праски, но тоа го покриваат домашни работници. За бераба на грозје очекуваат работници од соседните земји.