ВМРО-ДПМНЕ со реакција за отпочнувањето на изградбата на новата фабрика на американската компанија „Дура аутомотив системс” во економската зона „Бунарџик 2“ кои како што велат е само уште една потврда за ефективните економски политики кои ги реализираше ВМРО-ДПМНЕ во својот мандат.

Од партијата велат дека благодарение на создавањето на одличните услови од страна на економскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ првичните контакти на економскиот тим со американската компанија се остварени уште пред повеќе од 5 години.

Врз база на претходно извршени анализи биле побарани и доставени податоци и поволности до американската компанија за инвестирање во Република Македонија и во континуитет се одржувале контакти и соработка изминативе години со компанијата.

Тие велат во соопштение дека ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш покажа и докажа дека економската политика на странски инвестиции што ја промовираше насекаде во светот се покажа и повеќе од успешна, а резултат на тоа се десетици странски инвестиции и над 170.000 нови работни места во изминативе 12 години.

ВМРО-ДПМНЕ на американската компанија „Дура аутомотив системс” им посака успешна работа и поголеми инвестиции во иднина.