Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески ја овласти обвинителката од СЈО Ленче Ристова да го застапува случајот „Талир 2“.

Судењето за „Талир2“ треба да започне утре откако претходното рочиште беше одложено поради отсуство на адвокатите на обвинетите.

Во случајот „Талир 2“ обвинети се Никола Груевски и Кирил Божиновски, кои се обвинети дека „со злоупотреба на службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ“.

Утре продолжува и судењето за „Тарифа“ за злоупотреба на службената положба и овластувањето при јавна набавка на софтвер – „ЕРП систем“ во ЕЛЕМ. Овој предмет ќе продолжи да го застапува обвинителот од СЈО Трајче Пеливанов кој и досега го водеше случајот.