Денеска ќе се одржи синодска седница на МПЦ –ОА на која се поканети епархиските архиереи и на која треба да се донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА со Православна Охридска Архиепископија на Вранишковски.

Обединувањето е дел од договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА.

Заокружувањето на тој процес ќе значи и формално згаснување на Православната Охридска Архиепископија и нејзиа итеграција во МПЦ-ОА, што ќе биде историски чин на обединување кон конечната цел полноправо признавање на МПЦ-ОА како автокефална црква.

Според порталот религија.мк Јован, кој сега има титула Архиепископ Охридски и митрополит Скопски ќе ги добие на управување Демир Хисар и Крушево, заедно со Нижеполе, каде веројатно ќе биде седиштето на новата Епархија.

Во првичниот договор во опција е и Ресен, но овој град засега е спорен поради противењето на Владиката Петар.

Практично овие две општини, кои сега се дел од Преспанско-пелагоиниската епархија, ќе бидат нова епархија. Ако во неa влезе и Ресен, Јован би имал титула почесен архиепископ охридски и митрополит преспански. Доколку Ресен остане под управа на владиката Петар, Јован би имал друга титула, но таа секако ќе ја содржи почесната титула на архиепископ, стои во текстот.

Митрополитот Петар кој раководи со Преспанско – Пелагониската епархија во синоќешната Топ Тема рече дека нема договор за ова само што прашањето на барање на српскиот ариепископ Порфириј им било оставена да го решаваат, а тој е подготвен да помогне во тоа.

Јаоким, кој во ПОА има титула Полошко-кумановски, ќе добие на управување нова епаехија од Кумановско-осоговската со која сега управува владиката Григориј. Тој би управувал со делот на Илинден, Делјадровце, до границиата со Србија.

Kаква титула ќе носи Јоаким засега не е прецизирано. Нов владика ќе биде Марко, кој сега има титула Брегалнички. Тој во МПЦ-ОА, ќе биде владика на Делчево и Каменица. Единствен за кој имаше најголем отпор во МПЦ-ОА, беше епископот Стобиски Давид, пишува религија.мк.

Извор: ТВ Телма