Шпанскиот премиер социјалист, Педро Санчез се очекува денеска да објави предвремени парламентарни избори пред утрешната седница на Кабинетот.
Тоа се случува откако оваа недела Парламентот не му го прифати буџетот за 2019 година и на тој начин нанесе тежок удар за неговата малцинска влада. Санчез се очекува претпладнево да објави за предвремените избори.
Министерот за финансии Марија Хесус Монтеро потврди дека по буџетскиот пораз во средата ќе бидат распишани избори, но таа наведе дека се уште не е определен датум за гласањето. Според локални медиуми, можен датум се споменува 28 април како и 28 мај – ден кога се одржуваат и регионалните и европските избори.