Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро го покани специјалниот пратеник на САД, Eлиот Абрамс да дојде во Каракас.

Мадуро додаде дека се надева оти ќе се сретне со Трамп за да се најде начин за хаосот по признавањето од страна на Вапингтон на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо за претседател на Венецуела.

Освен тоа, Mадуро тврди во интервју за американски медиуми дека венецуелскиот министер за надворешни работи Хорхе Ареаса имал тајни средби со Абрамс во Њујорк. Втората средба е одржана четири дена откако Абрамс рече дека времето за дијалог со владата на Мадуро е изминато.

Во интервјуто, Мадуро нагласи дека нема да се откаже од власта.