СЕ ОГЛАСИЈА И ОД УПРАВАТА НА ФИРМАТА: Голем број од КАМ маркетите се со жолти ленти на вратите и не работат поради контола и попис

/ 22.03.2022

Од утрово голем број од КАМ маркетите се со жолти ленти на вратите и не работат. Во јавноста се претпоставуваше дека УЈП врши контрола, но сега се огласија од КАМ и објаснија што се случува.

„Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности.

Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење, соопштија од КАМ маркети.


Од истата категорија