Денеска голем број маркети беа запечатени со жолти ленти и пломби на коишто пишува дека е затворено од Управа за јавни приходи, објави ТВ Телма.

Вчера во гостувањето во емисија на ТВ Телма, директорката на УЈП, Сања Лукаревска изјави дека повеќе од 300 инспектори и контролори од УЈП се во инспекциски надзор во 84 објекти на КАМ маркетите заради регистрирани неправилности.

– Во моментов повеќе од 300 колеги од Управата за јавни приходи се во сите подружници на КАМ маркетите, заради утврдени соодветни неправилност, информираше Лукаревска.

Таа кажа дека акцијата ја спроведуваат инспектори и контролори и други овластени лица.