Поранешната министерка за финансиии во Владата на бившиот премиер Зоран Заев, Нина Ангеловска, се омажи за докторот Виктор Станков со кого синоќа правеа свадба на која имало повеќе познати ликови од политичкиот и јавниот живот.

„За најпосебниот ден Нина избра елегантна бела венчаница, а во иста боја костум нејзиниот сакан, додека нежната шминка ја истакна нејзината природна убавина а косата ја собрала во ниска пунџа“, објавија медиумите кои го следат церемонијалниот дел од оваа приватна свеченост.

Но, голем број граѓани, особено тие што останаа со заглавени штедни влогови во пропадната Еуростандард банка, додека Ангеловска беше министерка за финансии, ќе ја паметат по тоа што таа кратко време пред да пропадне банката си го подигнала својот депозит.