Се отвора првиот и единствен ХоРеКа центар во Македонија – Alpha Venue Horeca Equipment

/ 19.02.2020

Кога квалитетот треба да се докаже и покаже, тука е новиот Alpha Venue Horeca Equipment центар, компанија со отменост којашто доаѓа во целиот свој раскош на квалитет и удобност.

За оние коишто сакаат да постигнат врвна услуга во хотелиерството, рестораните и кафе баровите, Alpha Venue Horeca Equipment Центарот им доаѓа за првпат нудејќи услуга и за самите угостители, но и за нивните гости.

Во четврток, 20.02.2020, од 20:20 часот, во своите простории, Alpha Venue Horeca Equipment центарот организира неповторлив, оригинален и отмен настан на кој што ќе ги претстави своите единствени услуги во земјата.

Опремата која што ја нудат е уникатна со широка палета на брендови ширум светот. Тие својот квалитет го имаат докажано во многу светски и познати меѓународни компании, задоволувајќи ги потребите на угостителските професионалци. Alpha Venue Horeca Equipment центарот се тим од врвни професионалци кои што со своите совети, експертско знаење и беспрекорните вештини во менаџментот вршат квалитет на  контрола во работењето, а клиентите ги оставаат без здив од беспрекорната работа.

Тие ќе бидат провајдери на државно верификувани програми со кој главниот фокус се става на спецификата на работењето и потреби на објектот во дадената област. Тренинзите и обуките кои што ќе бидат дел од едукативниот центар на Alpha Venue Horeca Equipment, вклучуваат програми за: бармен, бариста, сомелиер, послужувач, готвач, помошник готвач, рецепционер, слаткар и интернет маркетер во хотел.

Во иднина, сите угостителски објекти ќе имаат можност да изберат програми кои што ги нуди Alpha Venue Horeca Equipment центарот со цел да ги усовршат вештините на својот персонал, со тоа што ќе влијаат на подигнување на квалитетот на услугата и зголемувањето на профитот.

Според најавата, се очекува настанот да биде посетен од дипломатскиот кор во земјава, државниот врв, како и сопственици и успешни менаџери на големи угостителски компании во Македонија. Ова ќе биде еден од најелитните настани којшто се организира оваа година.

Во рамките на настанот, присутните ќе имаат можност да се запознаат со опремата која што се нуди во хотели, ресторани и кафе барови по светски стандарди, а е единствено застапена во Alpha Venue Horeca Equipment центарот во Скопје

Alpha Venue Horeca Equipment центарот дава доверба на своите потрошувачи, се стреми да создаде вистинска слика со помош на интелигенција и верност кон оние коишто се лојални на квалитетот и префинетоста. Дефинитивно, ова е компанија која што недостасуваше на македонските простори.


Од истата категорија